1 коментар 1 мин. читање

Одобрен четвртиот мобилен и виртуелен оператор

„Со годост најавуваме дека WTI ги доби потребните лиценци од Телеком агенцијата на Македонија за фиксна, мобилна и продажна телефонија во Македонија.“ вели WTI, сега со дознака Macedonia, на својот сајт додавајќи дека „моментално се поставува канцеларија во Скопје.“

Агенцијата за електронски комуникации додели 100.000 броеви за обезбедување телефонски услуги на WTI Macedonia. За повеќе детали за услугите, чија мрежа ќе користат и дали ќе има 3G, контактиравме со WTI, но нивниот директор Ханс ван Хелден рече дека во моментот не може да даде детали, но ќе има прес конференција на 25 ноември кога ќе биде и официјално претставен WTI.

Oд АЕК велат дека виртуелните оператори ќе придонесат кон „подобрување на конкуренцијата на пазарот за мобилни телефонски услуги и овозможување на разновидност и квалитет на услугите за крајните корисници.“

Дискусија за операторот има на форум.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top