Но, не очекувајте да завршите работа преку интернет, се уште ќе треба да поднесете хартиени документи.
Имено, електронското пријавување ќе трае до 12 декември. Потоа сите студенти кои поднеле пријава од 16-ти до 26-ти декември треба да ги донесат потребните документи во министерството. Ранг листата ќе биде објавена на 25 јануари на страната на МОН.
Министерството ги укина кредитите зошто не ги враќале, и воведе нов модел, вкупно доделувајќи 2.800 стипендии:
- 200 стипендии од тип А со месечно 4.000 денари, 170 стипендии за државните, и 30 за студентите од приватните факултети. За тип А стипендија потребен е просек над 8.5.
- 1.000 стипендии од типот Б со месечно 3.000 денари, 850 стипендии за студенти од државните, 150 за тие од приватните факултети. Потребен е просек над 8.
- 1.600 стипендии од типот В за социјалните категории по 2.500 денари месечно. 1.400 стипендии ќе бидат за државните факултети, и 200 за студенти од приватните. Предност за овие стипендии ќе имаат студенти без родители, посебни потреби, со самохрани родител или корисници на социјална помош…
Повеќе информации на http://mon.gov.mk/.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.