1 коментар 2 мин. читање 13 ноември, 2010

Надополнето: E-педагог меѓу 50-те најдобри на eLearning Awards 2010

Е-педагог e единствениот македонски проект кој е вклучен во европската библиотека на едукативни ресурси, вели г-ѓа. Бутлеска.

</надополнување>

е-uciliste.com, e-pedagog.com и интерактивнa игрa се трите македонски едукативни проекти кои влегоа во конкуренција за eLearning наградите кои се доделуваат на најдобрите едукативни и педагошки практики кои ја користат информатичката технологија. Натпреварувањето меѓу 570 прифатени проекти е организирано од eвропската едукативна мрежа Schoolnet.

Подолу се трите .мк проекти:

  • е-uciliste.com е веб сајт каде учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, да решаваат тестови и да си ги прегледуваат резултатите… Проектот е дело на наставникот Влатко Бутлески од прилепското училиште „Ристе Ристески – Ричко“. За проектот пишувавме и претходно, односно направивме интервју со г. Бутлески.
  • e-pedagog.com е проект наменет за педагошкиот и истражувачки аспект на образованието, односно на сајтот можат да се споделат педагошки истражувања кои можат да се дискутираат преку коментари, да се споделат идеи, теоретски пристапи, истражувања… со цел да се поттикне и сподели истражувањето кое ќе придонесе до подобра едукација. Сите текстови ќе можат да се симнат од сајтот во .pdf формат но не и да се менуваат. E-pedagog.com е проект на Убавка Бутлеска, сопруга на Влатко Бутлески, креаторот на e-uciliste.com.
  • Интерактивна игра со животински вокабулар“ е интерактивна вежба со која учениците од почетните одделенија ќе можат да се сретнат со животните и со звук, букви и слика да ги препознаат. Интерактивната вежба е дело на Ана Наунова од кавадаречкото училиште „Тоде Хаџи-Тeфов“.
Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@mukaetov
15 years ago

Тоде Хаџи Тефов? Јас учев таму !

Мени
Заедница
Изглед
To top