3 коментари 1 мин. читање

WTI претставен како новиот виртуелен оператор

WTI Macedonia ќе понуди фиксна и мобилна телефонија, и повици преку интернет. Ќе настапат под брендот „Ало“ и им се доделени 100.000 броеви за обезбедување телефонски услуги oд Агенцијата за електронски комуникации.

WTI се приклучи на македонскиот пазар бидејќи, вели г. ван Хелден, имало најповолни можности за инвестиција како либерализиран пазар и добра легислатива. Целта им е да ја искористат Македонија како појдовна точка за понатамошно проширување на Балканот.

Инересно, вели г. ван Хелден секој македонец просечно троши по 200 евра годишно на телефонски услуги. Тоа е 1.000 денари месечно за телефон по човек. Или годишно се работи за 200 милионски бизнис на 1 милион корисници.

Се уште се водат преговори за кои мрежи WTI ќе може да ги користи, а се очекува да ги понуди првите услуги во првите месеци од 2011 година.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top