Интернет партија на Македонија

во Интервјуа, ИТ.МК

„Нашата примарна цел е да им објасниме на граѓаните дека партиите можат да функционираат и на друг начин различен од веќе постоечките што предизвикува големи трошоци и каде што демократијата е дозирана односно можеш да бираш од веќе избраните.“

За разлика од Пиратските партии што се појавуваат низ светот кои се залагаат за промена на дигиталните авторски права, Интернет партијата на Македонија е концепт кој подразбира вклучување на сите граѓани во одлуките на партијата, каде, според Статутот на партијата, секој член ќе си има свој профил каде може да дава предлози, да коментира и да споделува идеи. Секој член ќе може да формира групи, тимови, лоби групи, да кандидира други во партијата… Интернет партијата ќе се финансира од членарината чиј минимален износ го утврдуваат самите членови.

Од каде идејата за формирање Интернет партија? Што се подразбира под Интернет партија и која е вашата агенда?

Веројатно како и другите граѓани на Р. Македонија така и јас низ сите овие години на демократски плурализам утврдивме дека всушност се возиме на еден „демократски рингишпил“ само се менуваа тие што ни продаваа карти (читај магла), де едните, де другите со своите привезоци и лепенки (коалициони партнери). Си поставив неколку прашања:

Дали е можно да се направи политичка партија чие постоење и функционирање не бара големи финансиски средства,односно таа да функционира со минимални скоро симболични средства ?
Дали е можно да не зависи од паричната поддршка на финансиски моќници, крупни стопанственици, сопственици на медиуми и други центри на моќ?

Дали е можно партијата да не зависи од разни насилници, рекетари, „агенции за обезбедување”, разни благајници и собирачи на пари во кеш во име на партијата?

Дали е можно брзо и лесно зачленување, учество во работата на партијата, постојано и транспарентно информирање на членовите, дали може да го искажат или напишат своето мислење по сите работи, во секое време и место (дури и од дома)? – преку web страната internetpartija.com.

Дали сите членови можат да предлагаат за избор или да бидат избрани за функционери и членови на органи на партијата?

Може ли партијата да ги има секогаш најактуелните преставници на избори и тие да се избрани како резултат на волјата на членовите, односно да имаат поддршка од најголем број членови?

Одговорот на сите овие прашања беше дека сето тоа може да се направи единствено преку Интернет. Ние Интернетот го користиме како средство преку кое ќе функционира партијата(покрај состаноците во живо кои ќе се одржуваат само кога е неопходно) и како алатка преку која ќе ја вратиме демократијата во рацете на граѓаните со која ќе можат да гласаат за кого сакаат на сите нивоа на организираност на партијата од претседател на месна организација на ИП до претседател на ИП на Македонија. Затоа и се вика Интернет партија затоа што интернетот и е главно обележје.

Основачот Звонко Тодороски во интервју на Алфа ТВ.

Дали оваа партија се разликува од Пиратската партија од Шведска и други европски земји, чија агенда е промена на авторски права и промоција на дигиталните права?

Интернет партии има скоро во сите држави, но тие се занимаваат со промоција на дигитални права и се залагаат за промена на авторските права како што и сами утврдивте, ИП на Македонија е класична политичка партија во која можат и овие работи да бидат составен дел од агендата на партијата. Нашата примарна цел е да им објасниме на граѓаните дека партиите можат да функционираат и на друг начин различен од веќе постоечките што предизвикува големи трошоци и каде што демократијата е дозирана односно можеш да бираш од веќе избраните.

Доколку се вклучам, кој би бил мојата улога во партијата? Кои се задачите на членовите?

Доколку се вклучите во ИП не очекувајте дека ќе добивате задачи или директиви за спроведување, лепење плакати или вознемирување на граѓаните по домовите, составување на списоци на политички противници, откривање на членови што имаат книшки од други партии.

ИП нема да ја троши енергијата на вакви работи, вашата „задача“ е слободно да мислите вашите идеи да ги презентирате на останатите членови ако сакате и да барате поддршка од истите за тие идеи да станат составен дел на програмата на ИП. Единствено ограничување имате од правилата за користење на веб страната на ИП кои ги има и на сите други портали, како и од Уставот и законите на Република Македонија.

Дали очекувате успех и промени земајќи ја в обзир секогаш истата политичка ситуација во Македонија?

Очекувам успех и промени затоа што кога граѓаните стварно ќе можат да бираат кого сакаат мислам дека никој од сегашните политичари нема да може да биде ни советник во општина.

Знамето на Интернет партија

Има интересна изјава во текстот на BBC во кој Рената Дескоска, професорка на Правниот факултет е вели дека неможете преку интернет да имате влијание бидејќи е „потребно контакт меѓу граѓаните“. Што мислите за ова?

Самиот факт што ние сега комуницираме на овој начин го побива тоа мислење, милионите корисници на интернет во светот исто така го демантираат тоа мислење, сигурно прво не се запознале лично па да почнат да комуницираат преку интернет. Во историјата и пишувањето книги влијаело на останатите луѓе, сите филозофи, идеолози, научници исто така немале контакт со граѓаните и сега е исто само што е побрзо и преку Интернет. А во врска со другиот коментар дека ова е несериозна работа, мислам дека професорот реагирал инстинктивно без да прочита за што се работи, како мајката кога ја прашале кое дете е најубаво и нормално одговорила дека е нејзиното т.е. професионалците треба да се занимаваат со политика, тогаш зошто би се одржувале избори. Како се станува професионалец во политиката? Што ќе правиме кога изумрат „професионалците“? Уште еднаш да напоменам дека тука се работи за внатрепартиски избори, можеби и од тука е недоразбирањето на професорот.

Како ќе ги искористите друштвените мрежи Facebook и Twitter во вашата кампања? Што би им порачале на интернет корисниците?

Во кампањата ќе ги користиме сите друштвени мрежи кој колку знае и може сите членови и симпатизери можат да ги користат за запознавање на останатите луѓе со нашите цели, на некои има отворено групи.

На интернет корисниците им порачуваме Интернетот е премногу сериозна работа за да служи само за играње игри,во неговото креирање учествувале и учествуваат најголемите умови на денешнината.

Да го искористиме Интернетот за вистински да ја вратиме демократијата во рацете на луѓето непосредно да одлучуваат за тоа кој ќе ги претставува во партиите а со тоа и во државата.

Затоа ако имаш врска, не живееј без врска, приклучи се!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
7 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Славе Јовановски, до нестандардните како онаа за Интернет партија на Македонија и хакерот на Android предизвикот. Уште пред да биде кул ја […]

zIWe
zIWe
14 years ago

И што ќе биде кратенката на партијава? ИПМ?? :D е богами како тргнало во земјава они ќе бидат навистина и (ајт во) пм :)

Darko Buldioski
14 years ago

Интересна идеја ама многу детали не им се промислени….

badc0re
badc0re
14 years ago

Aaa znamevo ubiva hahaha

Ванчо Орданоски

Зошто имам впечаток дека нема ги решат проблемите на сточарите со Сведмилк, корупцијата во судството или лешперските македонски банки кои не даваат кредити на малите и микро-претпријатијата?
Ах, да — затоа што никаде не го споменаа тоа. Си ги дизајнираат порталите. Но, одлично си ја замислиле комуникацијата. Скоро како Google Wave.

Анонимен
Анонимен
14 years ago

Барем да беше .org домен.

тотето
тотето
14 years ago

им го украдија логото на добраработа.mk