Написи тагирани со Слободен софтвер

144 написи
Редакција
0
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Националната библиотека го претстави Fandango, open-source aудио плеер за лица со посебни потреби

Претставен е аудио плеер за лица со посебни потреби, изработен според стандардите на World Wide Web Consortium (W3C) за достапност до веб содржини. Плеерот наречен Fandango е победник на конкурсот за воведување на дигитални технологии во културните институции, КулТИП 2014, организиран од Британскиот совет и ФИНКИ. Fandango е изработен од Националната и универзитетска библиотека „Св. […]

0 коментари Прочитај 26 февруари, 2015
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Софтвер

Пиратката во Европскиот парламент собра еден милион евра за слободниот софтвер

Пиратката во Европскиот парламент, Џулија Реда, издејствува 1 милион евра да бидат наменети за зголемување на безбедноста на слободниот софтвер. Европратеничката од германската Партија на пиратите вели дека безбедноста на технологијата не смее да ги прегазува човековите права, како правото на приватност или правото на слободно движење. „Безбедноста и слободата не мораат да бидат спротивни. […]

0 коментари Прочитај 13 февруари, 2015
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Првите Ubuntu телефони пристигаат во Европа

Првите Ubuntu телефони ќе започнат да се продаваат во Европа веќе оваа недела. Телефоните Aquaris E4.5 Ubuntu Edition ќе бидат достапни преку BQ и ќе чинат 170 евра. За почеток се наменети за ентузијастите, а лоша вест за сите кои се надеваа на PC-хибрид e што првите телефони нема да станат PC доколку се приклучат […]

0 коментари Прочитај 9 февруари, 2015
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер Хак-атак/Приватност

Amnesty International објави анти-шпионски софтвер со отворен код

Amnesty International го објави Detekt софтверска алатка со отворен код против следење и шпионирање, со која се надева дека ќе им помогне на сите политички дисидент и новинари да се скријат од властите. Станува збор за софтвер наменет за Windows оперативниот систем, а алатката пребарува за било какви траги од познат шпионски софтвер. Алатката е […]

1 коментар Прочитај 21 ноември, 2014
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

ИТ настан: Ќе се прославува десет фантастични години со Firefox

Македонската заедница на Mozilla најави дека вечерва, а 17-ти ноември, ќе прави забава по повод 10-тиот роденден на Firefox. На настанот, кој е закажан во Concept 37, Скопје, со почеток во 19 часот, ќе се зборува за развојот на Firefox низ годините, за неговата улога во оддржување на „отворениот интернет“, за изборот и приватноста која […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Microsoft го ослободи .Net и понуди бесплатен Visual Studio

Microsoft продолжува со изненадувањата. Сега компанијата овозможи употреба на .NET и Visual Studio за развој на софтвер и на Linux, Mac OS X, iOS и Android. Дополнително компанијата најави дека .NET Core stack ќе биде со отворен код од ASP.NET, па се до Core Runtime and Framework. Заедно со оваа најава дојде и најавата за […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Adobe ја објави првата верзија на Brackets, алатка со отворен код за веб дизајнери

Adobe го идаде Brackets v1.0, текст едитор со отворен код наменет за веб дизајнери. Софтверот е креиран за Windows, Mac и Linux и овозможува кодирање во HTML, CSS или JavaScript, со едноставен преглед на финалниот производ. Една од предностите е што е овозможено брзо префрлање од изгледот во прелистувач и едиторот, а овозможено е селектирање […]

0 коментари Прочитај 6 ноември, 2014
Редакција
0
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Vox Teneo отвори канцеларии во Скопје, верува во локалниот талент и бизнис потенцијалот

Од неодамна во Скопје е присутна Vox Teneo, интернационална софтверска компанија која има канцеларии во Брисел, Луксембург, Париз и Индонезија. Звучи чудно што една ваква компанија сака да работи од Скопје, но се покажува дека во Македонија има талентирани професионалци и привилегии за бизнисите, вели Тања Таневска која го води тимот на Vox Teneo Macedonia, […]

2 коментари Прочитај 18 септември, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Совети Софтвер

Српскиот стартап за софтверска колаборација, Semaphore, сега е бесплатен за лична употреба

Српскиот стартап за софтверска колоборација и тестирање на проекти, Semaphore, објави дека е бесплатен за проекти за лична употреба. Корисниците на бесплатната верзија ќе може да го користат 100 пати во месецот за најмногу 5 проекти, притоа користејќи два процесори. Заедно со оваа објава Semaphore ја намали цената на претплатата, па сега за 29 долари, […]

0 коментари Прочитај 3 септември, 2014
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Atom на GitHub e нов бесплатен текст едитор со отворен код

Atom е нов текст едитор од GiTHub со отворен код и целосно бесплатен за симнување. Во моментов е достапна само за Mac OS X, но најавени се Windows и Linux верзии наскоро. Софтверот сè уште во бета, и некои функционалности не се довршени, но има доволно персонализација за да биде поинтересен за сите програмери. Според […]

1 коментар Прочитај 9 мај, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

NASA го отвори кодот на над 1.000 свои проекти за лансирање ракети и управување на роботи

NASA ќе ги отвори своите архиви и од 10 април ќе го отвори кодот за над 1.000 програми, кои ќе можат да се разгледаат, но и да се користат бесплатно, јавува Wired. Ова не е прв пат агенцијата да споделува софтвер, но овојпат во споделениот пакет освен алгоритми и делови од код, ќе бидат објавени […]

1 коментар Прочитај 8 април, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Google Android и не е така „слободен“ како што се промовира

Ново пронајдени документи покажуваат дека отвореноста на Android не е таква како што ја прикажуваат, јавува Wall Street Journal. Документите покажуваат дека Google наметнува строги ограничувања на компаниите кои го користат нивниот пребарувач, Youtube па дури и апликациите на Google Play. За замена за овие услуги производителите мораат на своите уреди да инсталираат и други […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Microsoft му се приклучи на Facebook за да понудат сервери со „отворен код“

Microsoft се приклучи на Open Compute Project козорциумот кој го започнаа Facebook, а се залага за споделување на дизајнот на серверите и останатата опрема која гигантите ја имаат во своите најголеми дата центри. Гигантот од Сиетл ќе го сподели дизајнот на своите центри кој се користат за облак серверите Azure кои се 40 отсто поевтини […]

0 коментари Прочитај 30 јануари, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Spark претстави паметен термостат кој може да го направите за помалку од 100 долари

Тим од четири инжинери од Spark работи на паметен термостат кој ќе му биде конкуренција на Nest. Засега термостатот е во почетна фаза а веќе има сензори за влажност и температура, IR детектор за движење, едноставен дисплеј и Spark Core. Токму Spark Core е центарот на уредот, a претставува Wi-Fi плочка за развивање која е […]

0 коментари Прочитај 22 јануари, 2014
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Софтвер

CyanogenMod Oppo N1 сега е достапен заедно со изворниот код

Oppo N1 e првиот паметен телефон со CyanogenMod кој доби официјална поддршка од Google. Телефонот излегува еден ден пред католичкиот Божиќ, и е одличен подарок за љубителите на Android кои сакаат поголема персонализација.Покрај ова објавен е и „factory image“ на N1 за „безбедно враќање назад по хакирањата“. Освен ова Cyanogen го издаде и кодот за […]

1 коментар Прочитај 25 декември, 2013
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Првата верзија на Steam OS е достапна за симнување за Linux

Нешто порано од најавите Valve ја издаде првата бета верзија на оперативниот систем Steam OS, засега со прилично ригорозни софтвер побарувања и препорака дека е наменет за корисници со одлични познавања на Linux оперативниот систем. За сите останати Valve препорачува да почекаат до 2014 година кога ќе биде достапна финална верзија на Steam OS. „Станува […]

0 коментари Прочитај 16 декември, 2013
Редакција
0
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Да го спасиме Winamp! Петиција бара плеерот да биде слободен софтвер

Откако АОЛ минатата недела најави дека на 20 декември ќе го пензионира Winamp, група фанови започнаа петиција за спасување на легендарниот музички плеер, јавува Ars Technica. Потписниците на петицијата бараат или продолжување на поддршката на софтверот од страна на AOL или издавање на Winamp како слободен софтвер. Целта на петицијата е да им докаже на […]

0 коментари Прочитај 26 ноември, 2013
Редакција
0
Борис Кузманов Веб

GitHub сака владите да ги споделат своите податоци и најдобрите начини за кодирање

GitHub, кој претставува заедница на програмери кои ги споделуваат кодовите, пријавуваат грешки и им помагаат при развојот на софтверот, ги повикува владите и нивните институции да се приклучат во програмата GitHub and Government. Оваа програма сака да ги натера владите да се поврзат меѓу себе, да ги споделат своите начини на работа и да разменат […]

0 коментари Прочитај 16 октомври, 2013
Редакција
0
Борис Кузманов Софтвер

Nvidia се смирува со Linux корисниците; ќе развива драјвери со отворен код

Иако досега голем број на ИТ компании биле критикувани од заедницата на Linux корисници, најостри беа спрема Nvidia која самиот Линус Торвалдс ја нарече „една од најлошите компании со кои имаат соработувана“. Но, наместо да се жалат за покажаниот среден прст, Nvidia реши да ги закопа копјата со Linux заедницата. Компанијата испрати мејл до Nouveau во […]

0 коментари Прочитај 25 септември, 2013
Редакција
0
Борис Кузманов Свет Софтвер

Google и Samsung влегоа во топ 10 развивачи на Linux

Во последните неколку години Linux е платформата која владее помеѓу поголемите ИТ компании. Едни од компаниите кои имаат најголем пораст во доприносот за развој на Linux се Google и Samsung, а од денес истите се наоѓаат и во топ 10-те придонесувачи за развој на кернелот со отворен код на кој работат голем број на сервери, […]

0 коментари Прочитај 17 септември, 2013
Мени
Заедница
To top
{title}