0 коментари 1 мин. читање

GitHub сака владите да ги споделат своите податоци и најдобрите начини за кодирање

GitHub, кој претставува заедница на програмери кои ги споделуваат кодовите, пријавуваат грешки и им помагаат при развојот на софтверот, ги повикува владите и нивните институции да се приклучат во програмата GitHub and Government. Оваа програма сака да ги натера владите да се поврзат меѓу себе, да ги споделат своите начини на работа и да разменат знаења.

Дел од оваа програма вклучува и споделување на своите приказни за работење со отворен софтвер, отворени податоци и отворено општество. Како еден од примерите може да се издвои градот Чикаго кои ја имаат објавено својата приказна „Forking your city” во која се зборува за нивното искуство и објавувањето на податоци за патеките за возење на велосипед и слични информации, користејќи го сервисот OpenStreetMap.

Покрај тоа, во програмата на GitHub се вклучени и Владата на Велика Британија, Белата куќа и NASA. Повеќе за GitHub and Government можете да прочитате на government.github.com.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top