0 коментари 2 мин. читање 30 јануари, 2014

Microsoft му се приклучи на Facebook за да понудат сервери со „отворен код“

Microsoft се приклучи на Open Compute Project козорциумот кој го започнаа Facebook, а се залага за споделување на дизајнот на серверите и останатата опрема која гигантите ја имаат во своите најголеми дата центри. Гигантот од Сиетл ќе го сподели дизајнот на своите центри кој се користат за облак серверите Azure кои се 40 отсто поевтини за одржување, 15 отсто енергетски поефикасни и со 50 отсто намалено распоредување и на услуга. Компанијата има околу 1 милион сервери кои првенствено се користат за сервисите на Microsoft како Office 365, Windows Azure или Bing. Покрај хардверот Microsoft ќе го „отвори“ и кодот кој се користи за менаџирање на хардверските операции како дијагностика, распределба на електрилна енергија или регулација на брзината на вртење на вентилаторите. Софтверот е достапен на Github. Покрај Microsoft и Facebook членови на OCP се AMD, Quanta Computer, Seagate.

„Microsoft се приклучи на иницијативата со надеж дека OCP ќе допринесе во развојот на „облак“ технологијата што ќе ја засили визијата за Cloud OS да им се донесе на корисниците конзистентна платформа за потобра IT ефикасност и економичност“, вели Бил Ланг на блогот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top