Amnesty International го објави Detekt софтверска алатка со отворен код против следење и шпионирање, со која се надева дека ќе им помогне на сите политички дисидент и новинари да се скријат од властите. Станува збор за софтвер наменет за Windows оперативниот систем, а алатката пребарува за било какви траги од познат шпионски софтвер. Алатката е креирана во соработка со Privacy International, EFF, Digitale Gesellschaft и Клаудио Гуарниери кој всушност е автор на алатката.
Amnesty International вели дека владините шпионирања се добро документирани, како што е примерот со неодамнешните откритија за глобалното набљудување на интернетот од страна на NSA, и мора да се најде начин да се заштитат луѓето кои се клучни во борбата за поголема транспарентност и човековите права.
„Мора да бидете свесни дека Detekt е алатка можеби е едефективна за претходните истражувања, нема гаранција дека вашиот компјутер не е компромитиран од понова верзија на шпионскиот софтвер кој треба да го открие“.
Еден од проблемите со кои се соочуваат издавачите на софтверот е прашањето дали воопшто е одговорно да се издава анти-шпионски софтвер за кој веќе знаете дека можеби и не ги открива сите опасности, кои за дел од корисниците можеби значат опасност и по животот.







