NASA го отвори кодот на над 1.000 свои проекти за лансирање ракети и управување на роботи

во Софтвер

NASA ќе ги отвори своите архиви и од 10 април ќе го отвори кодот за над 1.000 програми, кои ќе можат да се разгледаат, но и да се користат бесплатно, јавува Wired. Ова не е прв пат агенцијата да споделува софтвер, но овојпат во споделениот пакет освен алгоритми и делови од код, ќе бидат објавени цели програми. Во софтверот кој ќе биде споделен ќе биде софтверот кој NASA го користи за наведување на ракети, симулатори на климатски услови или за контрола и управување со роботи.

Ова отворање на софтверот е дел од заложбата на претседателот на САД, Барак Обама, за отворање на транспарентна работа на владините институции. Се разбира освен ова NASA е заинтересирана софтверот да им го понуди на што е можно повеќе корисници кои би можеле да добијат некоја нова идеја, која инженерите на NASA можеби ја пропуштиле. Од претходините споделување на овие NASA, се реализирани неколку навистина интересни проекти, на пример лодот кој се користи за Хабл телескопот за мапирање на ѕвездите, во 2005 година е преработен за да го следи загрозените видови на ајкули.

Софтверот ќе биде споделен на сајтот на NASA, Github и SourceForge, а до крајот на годината ќе биде уреден во една база на податоци.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
DaciSS
DaciSS
8 years ago

на пример лодот