1 коментар 1 мин. читање

Atom на GitHub e нов бесплатен текст едитор со отворен код

Atom е нов текст едитор од GiTHub со отворен код и целосно бесплатен за симнување. Во моментов е достапна само за Mac OS X, но најавени се Windows и Linux верзии наскоро. Софтверот сè уште во бета, и некои функционалности не се довршени, но има доволно персонализација за да биде поинтересен за сите програмери. Според Github, Atom е изграден на истите технологии со отворен код како што се користат од модерните веб прелистувачи, со јадро од Chromium, проектот зад Google Chrome. До сега, едиторот е симнат над 250.000 пати, велат од Github.

„Нема други пофлексибилни платформи на веб, и затоа го изградивме Atom користејќи ги истите технологии. Проширувањето на Atom е едноставно како пишување JavaScript и CSS, два јазици кои се користат од милиони програмери секој ден, што го прави неверојатно отворен за хакирање“, вели компанијата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top