Пиратката во Европскиот парламент собра еден милион евра за слободниот софтвер

Пиратката во Европскиот парламент, Џулија Реда, издејствува 1 милион евра да бидат наменети за зголемување на безбедноста на слободниот софтвер. Европратеничката од германската Партија на пиратите вели дека безбедноста на технологијата не смее да ги прегазува човековите права, како правото на приватност или правото на слободно движење.

„Безбедноста и слободата не мораат да бидат спротивни. Сакам Европската Унија да ја фокусора својата енергија на проекти кои ја зголемуваат безбедност, но и автономијата на луѓето во исто време. На мој предлиг буџетот на ЕУ ќе вклучува чекор во оваа насока“, вели г-ѓа. Реда.

Џулија Реда е еден од ретките европратеници кои добро ја познаваат ИТ областа. Освен што е вклучена во работната група за нов европски закон за авторско право, таа сега се залага за слободниот софтвер кој е насекаде околу нас. Без разлика дали зборуваме за телефон, вадиме пари од банка или владини услуги, овие софтверски услуги мора да бидат безбедни, иако секој код во себе има пропусти.

Развојот на софтвер е бескраен циклус на пронаоѓање и поправање на багови – во идеален случај пред некој да успее да ги искористи во малициозни цели, вели г-ѓа Реда која повика за прифаќање на слободниот софтвер: „Мое мислење е дека владите треба не само да го користат, туку и да го поддржат софтверот со отворен код“. Државата не смее да користи код кој е подостапен до безбедносните агенции отколку до вас, и било кој софтвер за кој владите плаќаат мора да биде со отворен код: преку своите акции владата треба да ja збогати заедницата, а не коорпорациите, вели пиратката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk