Од неодамна во Скопје е присутна Vox Teneo, интернационална софтверска компанија која има канцеларии во Брисел, Луксембург, Париз и Индонезија. Звучи чудно што една ваква компанија сака да работи од Скопје, но се покажува дека во Македонија има талентирани професионалци и привилегии за бизнисите, вели Тања Таневска која го води тимот на Vox Teneo Macedonia, во моментот составен од осум програмери.
Тања доаѓа од Бугарија, но веќе подолго време живее тука со сопругот од Скопје. Како поголем дел од странските државјани кои живеат во земјава, таа е импресионирана од „добрите луѓе кои ја прават земјата да биде одлично место за живеење“. Но, покрај пријатната атмосфера, Македонија за Tања и Патрик Ложе, основач на Vox Teneo и нејзин пријател, нуди уникатни можности за бизнис, далеку попривилегирани отколку Западна Европа.
Vox Teneo работи со „комплексни решенија“ со фокус на слободен софтвер кој е релативно популарен во Македонија – има посветена заедница и експерти кои го промовираат отворениот код со различни проекти, меѓу кои и „Националната политика за слободен софтвер“. Слободниот софтвер е поддржан и од факултети кои генерираат ИТ кадар.
„„Кога започнавме да ја дискутираме идејата секое парче информација кое го наоѓавме водеше кон „за“ отварање на канцеларија на Балканот“, вели Тања. „Ограничениот македонски пазар води кон извозот, и тој економски фокус го има и во ИТ секторот. Полисата со данок и законите им олеснуваат на странските инвеститоти да отворат и водат компанија. Талентот е евтин, споредено со Западната Европа и бројот на студенти (околу 1.300 годишно) што дипломираат од техничките универзитет укажува дека има ‘вешт човечки ИКТ капитал’. Затоа отварање на бранша на западно-европска компанија во Македонија е win-win ситуација за бизнисите и за луѓето што ќе работат“.
Интересно, пред да отвори канцеларија во Скопје, тимот од Vox Teneo бил импресиониран од сајтот на Invest in Macedonia. Компанијата го фаворизира Drupal пред WordPress како корисна систем за менаџирање на содржина (CMS), па кога забележале дека investinmacedonia.com е изграден со Drupal си помислиле дека „ова е еден ќош во светот каде има скриена Drupal заедница“.
Hello 7 followers! Thank #хаклаб for hosting some Drupal fans yesterday. Чекаут the pix: https://t.co/Feym8hVaJK
— Drupal Macedonia (@DrupalMacedonia) September 11, 2014
По состанок во хаклабот КИКА се покажа дека навистина има заедница кои мислат дека Drupal е подобар од попопуларниот WordPress кој се користи од над 60 милиони сајтови. Drupal се користи од над 780.000 сајтови.
„Проектите на Vox Teneo се комплексни, и повеќето од платформите кои ги гради компанијата имаат персонализирана структура, често со различни улоги за корисниците и се повеќејазични. Не дека не може да се постигне истото со WordPress, нo Drupal е многу пофлексибилен и е ‘природен’ за CMS-ите да бидат извлечени, оформени и персонализирани во смисла на функционалностите, не само дизајнот“, вели Тања.
Според Тања, и нејзиното неколкугодишно искуство со локалната ИТ сцена, во Македонија постои разлика од високото образование и вистинската работа. Тања не сакаше да ги нарече новите компании како „стартапи“ бидејќи тој термин „е клише кое привлекува погрешни луѓе што сонуваат за инстант-успех и големи парични грантови“. Таа вели дека има талентирани, млади и прогресивни луѓе кои креираат вредни продукти. Меѓу нив се Grouper.mk, сајтот за групно купување, и NewMan’s Business Accelerator, првиот стартап акселератор во Македонија, кој собира млади луѓе за „да се префрлат од теоретски во практична работа“. Но, и покрај потенцијалот, уште има ментални пречки кои мора да се надминат.
„Се уште не сум се сретнала со локални клиенти, но слушнав дека луѓетп одбиваат да работат со локани клиенти, што не е добра работа. Предрасудите го спречуваат развојот. Довербата во менталниот капацитет во клиентот и ИТ професионалците е најдобриот пат. Јас би работела со локални клиенти“, вели Тања.










ti da rabotis so lokalni klienti da vidis kako e :D
provoking enough to make you read it and comment obviously ;)