Првите Ubuntu телефони пристигаат во Европа

во Мобилни

Првите Ubuntu телефони ќе започнат да се продаваат во Европа веќе оваа недела. Телефоните Aquaris E4.5 Ubuntu Edition ќе бидат достапни преку BQ и ќе чинат 170 евра. За почеток се наменети за ентузијастите, а лоша вест за сите кои се надеваа на PC-хибрид e што првите телефони нема да станат PC доколку се приклучат на монитор, што беше дел од првите предлози.

„Издавањето на првиот Ubuntu паметен телефон е значаен настан. Новите искуства кои им ги овозможуваме на корисниците како и можноста за диференцијација помеѓу производителите и операторите се привлечна и потребна промена од она што е достапно денес“, вели Џејн Силбер директор на Canonical.

Aquaris E4.5 доаѓа со 4.5-инчен екран со резолуција 540х960, четири-јадрен Cortex A7 процесор на 1.3GHz од MediaTek,1GB RAM, 8GB слободен простор и можност за негово проширување со два microSD слота, 8МР предна и 5МР задна камера. Тоа што можеби е најинтересно е начинот на продажба, која изгледа позајмена од Xiaomi кој своите нови телефони ги продава во кратки „флеш продажби“ кои траат само одреден краток период. Дали ова ќе продолжи и во иднина за сега е непознато, но можеби со поголема популарност на телефонот, ќе започне и регуларната продажба. Што се однесува до апликациите заедно со Aquaris E4.5 ќе доаѓаат Facebook, Twitter, Amazon, Time Out, Yelp, a Spotify, SoundCloud и Grooveshark се интегрирану преку нивните web API. Апликациите за Ubuntu телефоните ќе можат да бидат HTML5 или QML.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments