Да го спасиме Winamp! Петиција бара плеерот да биде слободен софтвер

0 коментари 1 мин. читање

Откако АОЛ минатата недела најави дека на 20 декември ќе го пензионира Winamp, група фанови започнаа петиција за спасување на легендарниот музички плеер, јавува Ars Technica. Потписниците на петицијата бараат или продолжување на поддршката на софтверот од страна на AOL или издавање на Winamp како слободен софтвер. Целта на петицијата е да им докаже на AOL дека Winamp има повеќе фанови отколку што тие претпоставуваат.

„Winamp е најдобриот медија плеер било кога направен. Не смее да престане да постои. Ако AOL дозволи софтверот да биде со отворен код, Winamp засекогаш ќе биде во рацете на луѓето кои го сакаат и го користат секојдневно.“

Засега останува непознато каков ќе биде одговорот на AOL, а петицијата веќе е потпишана од 19.000 подржувачи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед