Интернет партија на Македонија
Само Интернетот може да биде решението на многуте политички проблеми, вели Звонко Тодороски, основачот на Интернет партија на Македонија.
Само Интернетот може да биде решението на многуте политички проблеми, вели Звонко Тодороски, основачот на Интернет партија на Македонија.
<Надополнето 13.11.10>Иако не успеав да победам, сепак е-pedagog.com е вклучен во 50-те најдобри едукативни веб проекти на европските eLearning Awards 2010, вели Убавка Бутлеска, педагог и основач на проектот. За жал, останатите два .мк проекти (подолу) не влегоа во листата.
World Teleconnect International е четвртиот телефонски оператор, кој ќе функционира виртуелно, односно нема да гради своја инфраструктура, туку ќе ја користи мрежата на другите оператори за да понуди разни услуги.
Новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, објавен на 9 ноември 2010, го оценува релативно позитивно развојот на информатичката технологија во Македонија. Но, иако Комисијата е позитивна велејќи „подготовките се напредни“ сепак има критики навестувајќи дека е потребно уште многу работа за да се дојде до потребното ниво.
LG Electronics го претстави Optimus 7, првиот телефон во Македонија кој работи на тазе објавената и комплетно редизајнираната Windows Phone 7 платформа.
Install Fest e инсталационен фестивал организиран од Слободен софтвер Македонија, каде сите заинтересирани ќе можат да се вклучат работилница за развој на веб апликации со слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на Википедија, најпознатата слободна енциклопедија.
<Надополнето 5.11.10> Вкупно 65 невработени лица денеска ги потпишаа договорите за обука за ИТ-програми дефицитарни во ИТ-секторот, вели МИО.
Македонската .НЕТ заедница на програмери, МКDot.NET, ја организира втората Code Camp конференцијата. На конференцијата, која ќе се одржи на 6-ти ноември, сабота, во просториите на ФОН Универзитетот, ќе зборуваат 10 домашни и странски предавачи за актуелни теми од областа на софтверското инженерство. Предавањата паралелно ќе се изведуваат во две сали со почеток од 8:30 часот.
Сподели знаење, сподели информација. Ова е мотото на новиот македонски форум на fakulteti.com.mk. Форумот е наменет за споделување искуство и комуникација на сите студенти од сите универзитети.
За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.
Mandroid.mk е нов .мк портал со информации за мобилниот оперативен систем Android. Освен вести, Android ентузијастите ќе можат да најдат детали за мобилните телефони кои работат на овој оперативен систем, како и разни Android апликации.
Заврши првото „споделувањето идеи“ на TEDxSkopje конференцијата која можевте да ја проследите преку видео стрим во живо, или да читнете за неа на Facebook или на Twitter. Во случај да ги испуштите, сите видеа ќе бидат објавени на сајтот на TEDxSkopje.
<Надополнето 28.10.10:> На YouTube се појави уште едно видео поврзано со аферата „Надеж“, односно видео за документите во кои се разговара за ПР стратегијата. И овојпат видеото е закачено од анонимен корисник кој се регистрирал на YouTube истиот ден, 27.10, кога е закачено видеото. </надополнување>
Oваа сабота, 30 октомври, се случува првиот TEDxSkopje настан на кој, под мотото „Идеи вредни за споделување“ ќе говорат 12 македонски експерти, ентузијасти, научници... кои ќе ги споделат своит искуства и идеи.
Пред скоро една година Министерството за информатичко општество стартуваше едукативна тв емисија за Еdubuntu, оперативниот систем на кој работат училишните компјутер од проектот „Компјутер за секое дете“.
Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.
Еден од попопуларните .мк веб огласувачи Pazar3.mk викендов ја пушти верзијата каде наплаќа за огласите, но по 2 дена се врати на бесплатната верзија. Дел од корисниците помислија дека огласувачот се предомисли поради критиките но...
Конечно ги знаеме 12-те говорници кои ќе ги споделат своите идеи и искуство на конференцијата TEDxSkopje која ќе се оддржи на 30-ти октомври. Официјално се претставија 10 од 12-те говорници. TEDxSkopje постепено ги претставува говорниците, но ги знаеме последните двајца.
Time.mk ги редизајнираше групите, и категоријата „Технологија“ се најде во „Живот“ заедно со другите спорадични теми, забава, музика, здравје итн. Ова не е случајно или грешка, групите се составени според изворите или според темите, но е комплетно погрешно. Ситниот, за некои неприметлив детал, промената на категории на Time.mk ја отсликува целокупно состојбата на развојот и разбирањето на технологијата во Македонија.
По осми пат Microsoft Македонија ја организира конференцијата „Визија" која се смета за една од поголемите и позначајните ИТ конференции во државата каде што "се обединуваат ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место."