Конференцијата беше доста успешна. Реализацијата беше одлично, минус мали технички проблеми кои се решија брзо. Говорниците беа доста интересно изберени, имаше најразновидни теми склопени во два дела. Во првиот дел имаше повеќе фокус кон технологијата, додека вториот дел беше фокусиран на едукацијата, мотивацијата и инспирацијата за креирање дела.
Конференцијата фати интересен тек уште од почетокот. Зaпочна со презентација на Петар Павлов, графички дизајнер кој сподели како излегувањето од секојдневната рутина може да ја стартува креативноста. По него следуваше биоинформатичарката Невена Ацковска која го спореди биолошкиот организам со компјутерски оперативен систем. По тоа следеше информатичарот Игор Трајковски кој не мотивираше да играме разни игри бидејќи така ќе придонесеме кон поголемото добро, со процесирање на човечката умствена моќ ќе им помогнеме на компјутерите подобро да разбираат.
Втората сесија ја отвори Зоран Ивановски, електроинженер, кој посочи како технологијата ни дава толкав избор да поради тој избор забораваме на правиот човечки контакт. По него следеше графичкиот дизајнер Гоце Митевски, кој објасни како интернетот може да ги отвори можностите. Втората сесија ја затвори информатичарот Анастас Мишев кој го објасни грид процесирањето, како мрежите можат да се поврзат за да се користат од повеќе корисници, бизниси, институти за да се споделуваат ресурсите…
По паузата за ручек, економистот Петар Лазаров зборуваше за едукацијата, но не за образованието туку за едукацијата што е потребна да се дојде до решение на еден проблем. Најчесто решението е едноставно и банално, но патот до него е макотрпниот дел, вели тој. По него следуваше моментално најдобриот говор на етнологот Илина Јакимоска кој заслужи и доби стоечки овации. Нејзиното излагање беше за македонскиот јазик, неговите тешкотии при преведувањето и како да го збогатиме. Историчарот на уметност Небојша Вилиќ ја затвори третата сесија со објаснување на разликата меѓу дигиталната одговорност и таа од агората.
Последната, четврта, сесија започна со проектите на ликовниот уметник Никола Узунов кој преку свои два примери како стандардниот систем може да се промени за да се доживее нешто ново. После него беше бизнисменот Клајд Мастрејв кој зборуваше како сите ние треба да се посветиме во помагањето, со цел на подобро себе-реализирање. Конференцијата ја заврши археологот Никос Чаусидис кој преку археолошки и сегашни примери претстави како задоволството е тоа што го води човекот, како преку дела инспирирани од задоволството човекот креира митови и објекту.
Распоредот на TEDxSkopje ќе го најдете тука.








Секоја чест за организаторите. Ted настан во Скопје беше нешто спектакуларно, земајќи во предвид дека до сега нешто слично вакво немало овде :)
Браво за организацијата
Барем тоа што го видов од стримот, а за говорниците нема што да се коментира тоа е веќе вкус и очекување до душа не ги фатив сите да слушнам што имаат да кажат, но тие што ги слушнав и видов доста позитивна мисла споделиа
Честитки нека ви се множат настаните
"Анастас Мишев кој го објасни грип* процесирањето"
Треба „грид“ (eng. grid). На пример:
http://wcg-mk.blogspot.com/
ah, sum ja utnal bukvata, tnx goodbytes :)