6 коментари 1 мин. читање

Надополнето: Бесплатни ИТ обуки за невработени лица

„Идејата беше поттикната од приватниот сектор, а ова е еден пилот проектот од кој очекуваме позитивни резултати со оглед дека ИКТ пазарот во Македонија продолжува да расте. Минатата година прв пат бројот на вработени во ИКТ-пазарот беше поголем од вработените во комуникацискиот пазар.“, вели министерот Ивановски.

</надополнување>

МИО ќе додели 80 стипендии за невработените лица со цел да се дообразуваат во информатичката технологија. Oвој пилот-проект има за цел да го намали дефицитот кој го има кај програмери и софтверски инженеринг или околу 25 отсто и кај дизајнери на дата бази, или околу 13 проценти.

„Кандидатите ќе бидат избрани од страна на Агенцијата за вработување врз основа на одредени критериуми што до неа ги достави Министерството за информатичко општество. Доколку се пријават поголем број кандидати од предвиденото, ќе биде спроведено тестирање.“ пишува во соопштението на МИО.

До 24 август е објавен оглас за избор на едукативни центри сертифицирани за Microsoft и Ciscio кои ќе ја вршат обуката. Потоа следи изборот на кандидати по што ќе се продолжи со двомесечната обука. Се очекува до 10-ти декември биде завршен целосниот проект односно да се добијат 80 сертифицирани ИКТ експерти.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top