Подолу се неколку детали за ИТ развојот од извештајот, кој е достапен за симнување и споредување со останатите балкански земји.
Еве што вели Kомисијата за македонскиот развој во ИТ + некои поврзани-со-ИТ делови:
- Има добар прогрес во делот за електронска комуникација и информатичка технологија. Парламентот внезе измени на Законот за електронски комуникации за понатамошен развој со европските закони. Меѓутоа, делот со прислушувањето на комуникациите разбуди прашања за компатибилноста со европските стандарди. Законот е променет да им даде на општините моќ за одредување дозволи за градење телекомуникациска инфраструктура. (стр. 42)
- Започната е процедура за тендер за универзален провајдер на сервиси. Останува да се направи нова национална точка за интернет размена. Бројот за во случај на опасност 112 се уште не е претставен. Административниот капацитет во соодветното министерство треба да се зајакне. Подготовките во овој дел се напредни.
- Има мал прогрес во развој на сервиси за информатичко општество, посебно во делот за е-влада и е-образование, или установување на МАРНет.
- Легислативите се веќе порамнети со е-трговијата и Директивата за обавезен пристап. Потребно е да се постави административна структура за имплементација на Директивата за е-трговија, посебно национална контакт точка. Подготовките во овој дел се напредни.
- Значителен дел од трошењето е наменето на обнова и изградба на школските згради и купување ИТ опрема. Бројот на учители во школите е зголемен, посебно во средните. Меѓутоа, потребни се уште напори за да се зголеми квалитетот на образованието. (од стр. 29, делот за образованието)
- Донесен е нов Закон за авторски права [31.08.10]… Координативното тело за интелектуална сопственост (CBIP) превзема редовни акции; меѓутоа шверцот и пиратеријата остануваат широко распространети… Извештаите за истраги, судско гонење и одлуки за справување со пиратеријата и шверцот се недоволни. Степенот на свест за правата за интелектуалната сопственост меѓу јавноста останува на ниско ниво. (стр. 39)
- Мал прогрес има во одделот за полиси за истражување. Прифатена е 2010 програмата за научно истражување, технолошки развој и техничка култура. Буџетот за 2010 од програмата за истражување и технолошки развој останува на нивото на 2009 година. Финансиските ресурси се се уште лимитирани и капацитетот на истражувачките објекти е мал. Подготовките во овој дел се умерено напредни. (стр. 69)
- Во секторот за телекомуникација и транспорт, нема значителни структурални промени. Телекомуникацијата е оценета како напредна. (стр. 30)
… oва се само детали, целиот извештај ќе го најдете
тука.








AFAIK universal service provider != универзален провајдер на сервиси