Кретивен начин да си го персонализирате новиот Facebook профил
Кога Facebook ги стартуваше новите профили нагласи дека под краткото, воведно инфо ќе има неколку најново тагирани фотографии бидејќи „ништо не го објаснува човекот како фотографиите“.
Кога Facebook ги стартуваше новите профили нагласи дека под краткото, воведно инфо ќе има неколку најново тагирани фотографии бидејќи „ништо не го објаснува човекот како фотографиите“.
Facebook ги редизајнираше профилите. Новиот изглед ги преместува табовите во лев страничен бар, а на нивно место сега се воведни кратки информации за личноста зад профилот, односно кратко инфо со локација, образование, работа, линк од веб страна, врска и уште по некој детаљ.
Zynga ја објави CityVille, најновата друштвена игра која наликува на мешавина од популарната со 60 милиони играчи месечно FarmVille и познатата SimCity. Во CityVille играчот води свој град, на почеток само соседство за потоа да стане метропола, преполна со продавници, бизниси, декорации, граѓански сервиси...
Интересниот инфографик на Flowtоwn покажува како мобилните телефони станаа потребна секојдневна алатка за комуникација. Дневно на Facebook преку мобилен телефон пристапуваат над 100 милиони корисници кои се два пати поактивни од десктоп корисниците. Преку малиот, но моќен уред блогираме, твитаме, закачуваме слики и видеа, сурфаме... Како што мобилните телефони стануваат мини компјутери поврзани со светот така се менува и перцепцијата за комуникација. Стануваме мобилни.
Сите Facebook апликации кои велат дека можат да ги откријат луѓето кои го прегледуваат вашиот профил се измама, вели безбедносната компанија Sophos.
На 01.12.2010 Алиша Кијс ќе умре. Ова е пораката на настан организиран од блуз ѕвездата која ги повикува познатите личности да се исклучат од Facebook и Twitter во вторник кој е Светски дена против ХИВ/СИДА, и да не постираат статуси или твитаат воопшто, се додека не се донираат 1 милион долари во фондацијата на Кијс „Одржи дете во живот“.
Родендени, венчавки, слики од деца, интересни настани и уште куп лични информации се споделуваат на друштвената мрежа. Зошто, како што чуваме слики во албум, да не ги архивираме и тие лични моменти во печатена книга?
Во последните две недели на Facebook започна иницијатива за поставување на профил слика од омилениот цртан јунак од детството. Многу корисници веднаш ги заменија своите профил слики со Мики Маус, Душко Долгоушко, Твити, Којотот, Калимеро и други цртани јунаци со цел да учествуваат и да се потсетат себе си и своите пријатели на безгрижните денови од детството.
Ах Facebook за некои непотребен, за сите други пасија, за трети инспирација за да се рапува за неа. Македонскиот рапер NikleMan има песна за Facebook, за нотификациите, за сликите... за како „сега е нов ден мора на Facebook да се ставам“ и дека „го ставив во standby и заборавив на една фотка да ставам Like".
Имате веб сајт и имате мејл. Па што? Присуството на интернет не е ништо споредено со интерактивноста и комуникацијата со потенцијалните клиенти преку друштвените мрежи и споделувањето информации.
Логирајте се преку Facebook и Twitter, следете го @dropbox, и кажете што ви се допаѓа кај сервисот и ќе добиете по 128 MB, со што на вашиот бесплатен Dropbox фолдер ќе имате вкупно до 3 GB простор, вклучувајќи ја поканата кон пријател.
Zynga стартува нова друштвена игра CityVille која им нуди на играчите да си направат своја фарма, свој град со бизниси, куќи за граѓаните, со сервиси како пошта, пожарникари, школи, болници, ресторани... всушност ова е SimCity, но поедноставна и креирана за друштвениот Facebook.
„Тест корисникот“ е кориснички профил кој се поврзува со апликацијата со цел да се тестира функционалноста на апликацијата. Профилот може да им користи на сите развивачи да се осигураат дека нивната апликација e како што треба пред да ја пуштат официјално на Facebook. Eдна апликација може да има и до 50 тест корисници.
Отварајќи со како 350 милиони Facebook корисници испраќаат по 4 милијарди пораки дневно, Mарк Зукерберг го претстави „модерниот систем за пораки“ кој се содржи од неколку сервиси: познатотo праќање пораки на мрежата, чет комуникација и имејл пораки. Сите комуникации ќе бидат сместени на едно место во еден вид стрим на информации.
Тweetaboogle е забавен и друшвен веб сервис со кој пребарувате низ Google, под резултатите добивате постови од Twitter како објаснување, и сето тоа го правите на Facebook интерфејс.
Facebook вреди повеќе од Ebay и е трет најголем интернет бизнис по Amazon и Google во САД, вели Bloomberg. Оваа проценка е направена според SecondMarket, онлајн пазар за тргување на акции од приватни компании, Facebook вреди неверојатни 41 милијарда долари. Единствено пред Facebook се Amazon кои вредат 74.4 милијарди долари, и се разбира Google кој вреди 192.9 милијарди долари.
Facebook е сопственик на Fb.com доменот, потврди Domain Name Wire само неколку дена пред најавената за понеделник Facebook прес конференција, на која, според зуењето на интернет, ќе биде претставен нов имејл сервис. Поврзаноста со fb.com е многу логична бидејќи наместо новиот редизајниран сервис за имејл да користи суфикс @facebook.com ќе се користи пократката варијанта @fb.com.
Facebook тестира семантички поврзани постови, опција позната како „mentions", или „спомнувања“, пишува Оливер Чианг од Forbes. Пример, кога два и повеќе пријатели споменат некој термин или споделат линк, нивните постови се собираат во еден пост при тоа покажувајќи линк до активноста, а под неа постовите на пријателите.
Мozilla Labs го претставија F1 додатокот со кој можете да постирате содржина на Twitter и Facebook или да праќате мејлови преку Gmail. F1 е се уште во експериментална фаза, но може да биде интересно решение како замена за копчињата за споделување или за неодамна објавениот прелистувач за друштвени мрежи Rockmelt.
Google го смени Contact API-то да не дозволува трети, надворешни сајтови да извлекуваат Gmail податоци на сервиси кои не дозволуваат споделување на податоци. Тоа значи дека сега нема да можете да ја користите автоматската опција за додавање пријатели од други сервиси на Facebook. Но, како за инает на Google, Facebook најде начин како да ја заобиколи блокадата користејќи се со Gmail решение.