„Како што опишавме неколку пати претходно, многу Facebook корисници би сакале да дознаат кој ги проверува онлајн… но за жал и скамерите се свесни за ова, и ја користат таа мамка за начин да направите лоши одлуки.“ вели Sophos.
Често, измамата на Facebook започнува со вирална порака „OMG… ова стварно работи. Можам да видам кој ми го следи профилот.“ по што корисникот се препратува до апликација или надворешна веб страна кој бара пристап до корисничките информации.
„Но дали стварно сакате некои странци да можат да ви праќаат имејл, да ви пристапат до вашите лични податоци или да постираат пораки на Facebook страните кои ги администрирате.“
Конкретни апликации на Facebook кои ги таргетираат македонските корисници е оваа страна со неверојатни над 101.000 луѓе кои кликнале лајк, или оваа страна со над 12.000 корисници.
Најдобро е да не паѓате на лагата дека некој може да ви покаже дека знае кој ви го гледа профилот. Доколку веќе сте дозволиле на апликацијата да пристапи до вашите информации, тогаш отидете на Privacy Settings -> Applications and websites -> Edit your settings и кликнете на X-чето да ја тргнете апликацијата од вашиот профил.

Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.