Интерфејсот и Like копчето се единственото нешто превземено од Facebook. Пребарувањето е на Google со категории за видеа, слики, блогови, вести и локално пребарување. Твитовите играат улога на корисничко мислење или споменување на одреден сајт.
Токму поради корисничките мислења Tweetaboogle е одлична алатка како еден вид друштвено пребарување. Може да го користите анонимно, или пак да се логирате преку Twitter и сите ваши Likes на сајт да ги твитате со коментар, кој ќе се појави и во натамошните пребарувања на тој сајт.
Од десно имате add to browser search bar опција со која можете да го додадете Tweetaboogle во десниот бар за пребарување на Firefox со ќе можете полесно да видите што мислат твитерџиите за одреден сајт без да го отварате Tweetaboogle.







