1 коментар 1 мин. читање

Алиша Кејс и Лејди Гага во Facebook и Twitter штрајк против ХИВ/СИДА

Во Digital Life Sacrifice кампањата учествуваат познатите ѕвезди како Лејди Гага, Џастин Тимберлејк, Елајџа Вуд, Џенифер Хадсон, Ким Кардашиан, Серена Вилијамс, Ашер… сите тие имаат снимено видео од нивниот „последен твит и тестамент“ во кое тие се прикажани како лежат мртви во ковчег, претставувајќи ја нивната дигитална смрт. Видеата ќе се искористат како реклами на Светскиот ден против СИДА-та.

„Важно е и супер кул да се користат медиумите на кои сме секојдневно. Важно е да ве шокираме до моментот на разбудување.“, вели блуз пејачката Кијс додавајќи: „Не е дека на луѓето не им е гајле или дека не сакаат да направат нешто, туку тие не помислуваат на тоа баш така.”

Парите ќе се посветат на фамилиите кои се загрозени од ХИВ/СИДА od Aфрика и Индија.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top