Мozilla F1 е додаток кој ви ги додава Facebook, Twitter и Gmail во Firefox

Проблемот со F1 моментално е што нема прегледување постови, туку можете само да праќате пораки што иако е корисно за друштвените мрежи сепак е недоволно. Но, за праќање Gmail-ови од друга страна е супер корисен и лесен за користење.

Според Mozilla, овој додаток им помага и на сајтовите „кои имаат 3, 6 и понекогаш 12 мали икони за споделување линкови“ и на корисниците кои мора да пребаруваат по страниците за каде се најде копчето за споделување.

Требало да има и опција за Yahoo имејл, но Yahoo бара автентикација со CAPTCHA што го успорува процесот. Twitter, Facebook и Gmail користат OAuth овластување.

Mozilla се надева дека со понатамошниот развој, F1 системот ќе знае кој корисник кој сервис за споделување користи, тргнувајќи ги копчињата за споделување од сајтовите.

Mozilla Labs F1 from Mozilla Messaging on Vimeo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments