Подолу е краток и основен, само-за-почеток водич кој ќе се обиде да ги мотивира локалните бизниси да се инволвираат на Веб и да комуницираат со корисниците.
Првин ставете се на мапа. Буквално.
Над 90% од македонските интернет корисници пребаруваат преку Google. Покрај Google реклами, зошто да не си го ставите бизнисот на мапа и да бидете вклучени во Google Places пребарувањето кое ги листа локалните бизниси заедно со локацијата.
Додадете информација за вашиот бизнис на мапата, телефон, работно време, слика, видео…
2. Отворете профил(и) на друштвените мрежи
Преку 750.000 македонски корисници се на Facebook па зошто да не биде и вашиот бизнис? Но отворете јавна фан страна за сите ваши информации за нови продукти и новости, а не личен профил на вашиот бизнис. Facebook овозможува одлична алатка за анализа на вашата фан страна. Колку посети на ден, колку импресии, колку од фановите се машки и женски… Искористите ги тие статистики за да можете да стартувате Facebook eвтини и таргетирани реклами.
Еве како можете да користите Facebook алатка за анализа.
Building Social for Businesses-Insights
Ако сте од посериозните бизнис компании не го игнорирајте LinkedIn. Мрежата поврзува над 80 милиони професионалци ширум светот. Или eвропската Xing со над 10 милиони, односно Viadeo со над 30 милиони професионалци.
Вклучете се и на Twitter. Можеби се користат само 140 карактери за споделување на информација, но ако е кратко, тогаш е и лесно и брзо да се напише. Додадете линк на таа информација. Ретвитајте. Реплицирајте на твит, тоа ќе и се допадне на македонската Twitter заедница. Комуницирајте и користете го сервисот за информации.
И дефинитивно не заборавајте на вашиот сајт да ставите Facebook и Twitter копчиња за да можат корисниците да споделат информација со другите.
На животот пред твитер и фејсбук се сеќавам како низ магла.
3. Користете ги Flickr и YouTube
Фотографијата кажува илјада зборови, видеото милион. Сервиси како Flickr и YouTube ви дозволуваат да закачувате фотографии и видеа, да ги организирате во галерии, во свој канал, да имате линк за да можете да ги споделите и да имате место за кориснички коментари.
Всушност, не ни мора да се замарате со посебен софтвер за да ги средите тие видеа и фотогравии. Имате едноставни веб алатки за средување на видеата како YouTube едиторот или Pixorialили да средите слики со веб базираните Picnik, Pixlr или FotoFlexer.
4. Веб алатки за соработка ќе ви го направат животот полесен
Можеби сте бизнис со човечки ресурси, чести организациона комуникација со разни клиенти, работите со документи. Наместо да ги пренесувате физички, да ги принтате, да правите верзии при секоја промена… користете веб алатки.
Пример, за документи Google Docs спрема додаток за Office, со кој можете да обработувате документи преку веб со неколку луѓе. Microsoft објави веб Office алатки, како и во соработка со Facebook ги има веб базираните Docs.com, за лесно споделување на документи преку Facebook. Ги имате Zoho комплетот алатки за изработка на документи.
Или сакате да споделите презентации, тогаш имате Scribd, Slideshare, Prezi… Има куп разновидни веб алатки зависно од потребите.
5. Мобилни апликации се иднината
Можеби сте горди на вашиот Flash веб сајт со куп елементи? Штета. Сега ви треба поедноставна верзија затоа што мобилното користење на интернет зема замав. Kорисниците тешко дека ќе чекаат за да им се лоадира Flash сајт на мобилен телефон.
Дополнително, сите ваши претходни инволвирање со друштвените мрежи ќе можат да ви се исплатат. Користејќи Facebook или Twitter апликации мобилниот корисник ќе добие информација за вашиот нов продукт, попуст или настан додека е во движење. Како ќе ве најде? Па преку Google Maps…