5 коментари 2 мин. читање 6 декември, 2010

Новиот Facebook профил

Прво нешто што ќе приметите откако ќе го активирате профилот, следејќи ја оваа страна па Get the new Profile, е редот од неколку најново тагирани фотографии кои се појавуваат под кратките воведни информации. „Нема подобар начин да научите за личноста одошто да погледнете фотографија“, вели Facebook.

Втора голема промена е преместување на табовите. Менијата за постовите на ѕидот, фотографиите, видеата, пријателите… сега сите се наоѓаат лево под профил сликата. Претставен е и новиот пребарувач на пријатели кој се отвара со кликање на Friends барот, и нов поинтересен интерфејс за прегледување на албуми со фотографии и видеа.

Интересна новина е истакнување на локацијата т.е на Facebook Places сервисот. Може да се види од фан страната на шоуто на Елен ДеГенерес дека под воведните информации се прикажува Bing мапа која се користи од Places. Локацијата т.е број на чекирања на Places се прикажуваат и веднаш до бројот на фанови. Сево ова сугерира дека Facebook се обидува да ги мотивира корисниците да започнат да ја споделуваат локацијата, што евентуално ќе придонесе кон популаризација на Facebook Deals, уште еден систем за дополнителни приходи на мрежата.

Исто приметливо е дека од десната страна на новите профилите има повеќе место за рекламни банери, кои сега се со поистакната слика и со повеќе место за текст.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
goce iliev
goce iliev
15 years ago

тешки глупаштини

KILIDI
KILIDI
15 years ago

a kako da gi vratam stariot profile
??? :S

^^GoRiLLaZ^^
^^GoRiLLaZ^^
15 years ago

Тапа е новиот дизајн на профилот… :)

azder
azder
15 years ago

Прекрасно, кафезот ни стана позлатен од порано :)

Ivan Naunov
15 years ago
Reply to  azder

http://www.facebook.com/profile.php?id=1428734196 А што велите на овој дизајн ? ;)

Мени
Заедница
Изглед
To top