Што ако вашиот Facebook стане само book?

„Се одлучивме да ги погледнеме начините како го користиме Facebook и откривме дека иако го користиме сајтот секојдневно, ги забораваме нашите омилени моменти. Па затоа креиравме апликација за да го смениме тоа, да го сочуваме Facebook, како книга.“ вели Сиавош Забети од маркетинг агенцијата DDB која ја направи апликацијата за промоција на францускиот телеком Bouygues Télécom.

Корисникот може да си одбере до 10 пријатели да бидат вклучени во книгата заедно со слики, кои заедно ќе бидат стилизирани во книга. Секако постои Facebook опцијата за симнување на сите информации во .zip фајл кој може да го испечатите, но поентата на француската апликација е што ги стилизира тие информации во убава книга.

Интересно, по промоцијата за само еден час се продадоа сите 1.000 книги од лимитираното издание за промоцијата.

Иако нема веќе книги од DDB, има друга апликација Egobook преку која за околу 30 долари ќе можете да си нарачате своја Facebook книга.

(via Даниел Брзанов)

>When Facebook becomes a book from Siavosh Zabeti on Vimeo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments