Myspace се продава
Тоа што Myspace и официјално е ставен на продажба не е и некое големо изненадување. Во изминатата година, News Corp. повеќепати изјавија дека имаат загуби од оваа некогаш толку популарна друштвена мрежа.
Тоа што Myspace и официјално е ставен на продажба не е и некое големо изненадување. Во изминатата година, News Corp. повеќепати изјавија дека имаат загуби од оваа некогаш толку популарна друштвена мрежа.
Како ти се допадна Social Network? Па, беше интересен, му одговара основачот на Facebook, Марк Закерберг на Џеси Ејсенберг, главниот актер на филмот за Facebook на Saturday Night Live.
Македонскиот портал Бркај Работа си зеде за право да објави фотографии за „најпровокативни фејсбук-македонки“. Не само што немаа дозвола за сликите, кои се сигурно објавени на приватен профил и на Facebook, што е затворена мрежа, туку ги повикаа другите корисници да споделат уште фотографии од други нивни Facebook пријатели за да „се има увид во она што ни го нуди македонскиот фејсбук“.
При логирање на Facebook, мрежата ќе ве пречека со порака дека за вас е достапен новиот систем за пораки односно сега ќе си добиете свој вашеиме@facebook.com имејл со кој ќе може да праќате пораки до луѓето надвор од Facebook, за разлика од затворените Facebook пораки. Доколку сте го одбрале корисничкото име, тогаш тоа ќе ви биде мејлот, нема опција за менување.
<Надополнето>„Ова е само уште еден пример за производител кој го користи нашето јавно API и ги интегрира во нивните уреди на интересен начин.“, ијави главниот за бизнис развој во Facebook, Ден Роуз за Reuters.
Facebook претстави две нови опции за безбедност и заштитување на профилот. Се чини никој не ми кажал за опциите на основачот на мрежата Марк Закерберг, чија фан страна беше пробиена истиот ден кога се претставија и новите опции.
Беше пробиена фан страната на основачот на Facebook, Марк Закерберг. Тие што ја пробиле страната оставија порака:
Еден во тринаесет луѓе на планетава користи Facebook, Марк Зукерберг е огромен човек кој јаде луѓе, Google го закопа Wave и сите веднаш заборавија на него, Yahoo! го прекинува Delicious но корисниците сеуште го користат, Apple го објави Ping за кој никој не е заинтересиран, Groupon успева да ги возбуди младите луѓе да користат купони... ова и уште неколку комично прикажани стрипови реализирани од популарниот блог The Oatmeal ја појаснуваат моменталната состојба на интернетот.
Facebook без некоја најава стартуваше опција коментарите да се прикажуваат во реално време. Коментарите се прикажуваат во стримот за вести или на профилите во момент на објавувањето, без потреба да се кликне Refresh на страната, налик на чет. Овие коментари е сличан со опцијата на FriendFeed друштвената мрежа која Facebook ја купи пред подолго време.
Како што Apple ги прегледува сите пријавени апликации, така тоа треба да го прави и Facebook решавајќи го проблемот со пристап на „затворена градина“, бидејќи така пола милијарда корисници ќе бидат побезбедни, вели безбедносната компанија Sophos во својот годишен безбедносен извештај (.pdf).
<Надополнето> Од 12 март Facebook ќе го замени Static FBML, кој се користеше за креирање странични или воведни табови на фан страните, и наместо него ќе користи iFrames. Со iFrame администраторите ќе можат да ги користат HTML, Javascript и CSS технологиите за додавање на содржина на фан страните. </надополнување>
<Надополнето > Само по неколку дена откако Facebook најави дека ќе дозволи апликациите да бараат адреси и телефонски броеви, друштвената мрежа се предомисли и најави дека ќе направи поистакнато известување за кога апликација ќе ви побара адреса и телефонски број, со цел корисниците наместо автоматски да се согласуваат со апликацијатa, да знаат што од нивните информации ќе користи.
Филмот за креирање на Facebook, The Social Network, режиран од Дејвид Финчер, а сценарио на Арон Соркинг, кој и самиот истакна дека приказната на филмот не мора да биде вистинска, ги освоија Златните глобуси во соодветните категории, прогласувајќи го The Social Network како најдобар филм за 2010-та година на холивудските награди со што филмот стана и фаворит за следните Оскари.
Сите мои слики што ги чувам, на Фејсбук ги редам тагнувам, само најдобрите ги бирам, на профајл пикчр да ги закачам... ова е текст од нова обработка на песна на Ареа, која е пародија на Facebook.
Љубоморна девојка од радовишко село, 25 год., добила кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“ бидејќи отворила лажен Facebook профил на кој користела навреди и лични инфомормации на 27-годишна девојка од струмичко село бидејќи се сомневала дека струмичанката имала врска со нејзиниот маж. Оштетената девојка пријавила во полиција уште во септември, по што деновиве било поднесена пријава, пренесува Канал 5.
Друштвената мрежа за околу 6 месеци додаде 100 милиони нови корисници, достигнувајќи ја неверојатната бројка од 600 милиони. Всушност, моментално бројката според статистиката на SocialBackers е 596.372.520 корисници.
Стартувана само пред 40 дена, најновата друштвена игра CityVille на Zynga стана првата Facebook апликација која стигна до 100 милиони месечни играчи. Oва е според статистиката на AllFacebook, додека AppData прикажува бројка од 99.9 милиони играчи, но земајќи в предвид дека играта забележува нови 3-500.000 играчи дневно, тогаш бројката дефинитивно е надмината.
Pingdom објави интересна статистика за се што се случуваше на Интернет во 2010 година, од пратени имејл пораки до користење на сервери и колку фотографии се закачуваат на Flickr. Неверојатно е што за само една година се достигнуваат огромни бројки во комуникацијата и споделување на содржината на скоро 2 милијардата интернет корисници. Еве што вели Pingdom:
Дел од корисниците приметија дека сега на Facebook од десната страна се прикажува ново поле со „приказни за паметење“ во кое се истакнати некои кориснички статуси, како што е погоре на сликата. На истото место се појавуваат и „фотографии за паметење“ (photo memories).
Откако Weekly World News објави дека основачот на Facebook, Марк Закерберг се изморил и сака да го изгаси Facebook во март, лажната вест се појави на еден куп медиуми правејќи го сето тоа толку спектакуларно да самиот Facebook мораше да коментира на лажната вест и да даде изјава дека „не, нема да се гасиме“.