„Добивме корисен фидбек дека може да направиме за корисниците појасно да знаат кога дозволуваат пристап до овие информации. Се сложување, и правиме неколку промени со цел да ви помогнеме да споделувате информации само кога вие ќе сакате да го правите тоа. Привремено ја гасиме оваа опција, и ќе работиме на надоградбите.“, вели Даглас Перди од Facebook.
</надополнување>
Facebook ќе им дозволи на надворешните апликации да имаат пристап до корисничката адреса и телефонски број, секако со претходна дозвола од самиот корисник.
„Бидејќи ова се осетливи информации, креиравме нови user_address и user_mobile_phone дозволи. Овие дозволи мора да бидат експлицитно дозволени за вашата апликација од самиот корисник преку стандардниот дијалог за согласност.“, вели Facebook на блогот за развивачи додавајќи дека апликацијата ќе има пристап до корисничкиот телефонски број, но не и тој на пријателите.
Адресата и телефонскиот број можат да им послужат на разни корисни апликации да понудат сервиси за локација, пример, лоцирање блиски ресторани, иако не знам зошто домашната адреса би им било потребна, или сервиси за телефонски повици, добивање SMS известувања, пример авионска компанија преку апликација може да го потсети или информира корисникот за летовите итн…
Но, од друга страна се работи за информации кои не можат да се сменат откако ќе бидат предадени на апликациите, сигурно не менувате адреси и телефонски број секои три недели за разлика од слики кои може да се тргнат или статуси да се избришат, правејќи ги овие информации покорисни за маркетинг агенциите, за спамирање понуди и злоупотреба. Неодамна се откри дека голем дел од популарни апликации предавале информации на маркетинг агенции, па прашањето е дали им верувате на надворешните апликации за да им дозволите пристап до телефонски број или домашна адреса?
Всушност, друго прашање што се наметнува со „дијалогот за согласност“ е: дали ги читате дозволите кои ги бараат апликациите пред да кликнете Allow? Дали кога Zynga со FarmVille ќе ви побара информации дали кликате веднаш Allow или пак читате што од вашиот профил ќе извлече апликацијата за да сподели со маркетинг агенциите? Проблемот со споделувањето на информациите со апликации е што корисникот нема избор. Или ќе ги предаде или нема да ја користи апликацијата, што само по себе ги наведува корисниците да автоматски кликаат Allow. Во тоа сценарио, Facebook ја игра улогата на посредник кој се труди да ве опомене само толку колку што е доволно да се заштити од скандали за приватност.
Секако дека постои опција да немате никакви лични информации на својот профил, но, тогаш зошто го користите Facebook?
Бидете претпазливи, читајте до кои информации и дозволувате пристап на апликацијата.