1
Љубоморна радовишанка доби кривична пријава за лажен Facebook профил
Љубоморна девојка од радовишко село, 25 год., добила кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“ бидејќи отворила лажен Facebook профил на кој користела навреди и лични инфомормации на 27-годишна девојка од струмичко село бидејќи се сомневала дека струмичанката имала врска со нејзиниот маж. Оштетената девојка пријавила во полиција уште во септември, по што деновиве било поднесена пријава, пренесува Канал 5.