Љубоморна радовишанка доби кривична пријава за лажен Facebook профил

5 коментари 1 мин. читање

Иако сите се плашат Facebook да не им ја наруши приватноста, да не им ги искористи личните информации, сепак интересно е тоа што самите корисници се пострашни од Facebook. Лажно претставување и лажни профили од други корисници е највообичаена злоупотреба на лични информации на мрежата.

Скоро секој ден, во последниве шест месеци, има по пријави и поплаки во врска со лажни профили , неодамна изјавија од Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) кои имаат директен контакт со Facebook доколку е потребно да се интервенира. Друга поголема злоупотреба е пробивањето на профилите каде корисниците користат една иста лозинка за неколку сервиси, па кога ќе се открие лозинката за еден сервис, најчесто се пробиваат и другите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top