0 коментари 1 мин. читање

CityVille стигна до 100 милиони Facebook играчи месечно

Zynga кога ја стартуваше CityVille рече дека тоа е најдруштвената игра која ја направиле до сега. Играчите креираат градови, со жители и продавници, но поентата е да се соработува со другите играчи во смисла на тргување меѓу градовите. Колку повеќе трговија со другите толку поголеми градови, што е и суштината на успехот на друштвените игри кои бараат интеракција со другите при тоа стануваат вирални каде пријателите си регрутираат пријатели.

Играта уште од стартувањето стана хит, и за само 20 дена ја надмина популарната FarmVille која има 57 милиони играчи месечно и која е исто игра на Zynga.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top