OMG! Facebook ќе се затвара, велат лажните вести

Лажната вест е комплетно неуверлива бидејќи Facebook не добива милионски инвестиции за да се затвори само два месеци подоцна. Инвестициите значат дека „уморниот“ Закерберг ја нема таа моќ.

Но, тоа што е интересно во приказнава е феноменот на интернет лажните вести. The Onion, Weekly World News, српскиот Njuz и многу друи, станаа популарни сајтови нудејќи сатира и хумор на сметка на разновидните дневни вести и настани.

Фејсбук ќе се затвара и Меган Фокс е маж. #peoplethisdays #kromidSun Jan 09 02:17:11 via web


Многу луѓе и ги споделуваат тие лажни вести преку друштвените мрежи, како што би споделиле и смешно клипче. Но поради виралноста на мрежата да информациите допрат до многу луѓе, понекогаш, налик на детската игра „глув телефон“, тие вести се сфаќаат како здраво за готово, стигаат до медиумите, и се интерпретираат како вистинити по што следи лавина на реакции и коментари за самата вест, која, нели, е лажна.

Тоа што можеби е поразлично сега од пренесување шпекулации во минатото, е што имате линк да кликнете на самата вест, да ја прочитате и да се уверите во вистинитоста на веста и медиумот кој ја пренесува. Но, тоа што е интересно, пак, е што очигледно гласината се пренесе толку многу бргу и од многу луѓе што се чини дека никој не ни кликнал на линкот за да ја провери веста.

Проблемот можеби лежи што корисникот ја добива лажната информација од пријателите. И ако два-тројца пријатели ја споделат, а уште неколку кликнат Like, тогаш не е чудно, човечка природа е колку и да сте изненадени да ја прифатите како сервирана лажната информација.

Лажните шпекулативни информации несомнено ќе допрат до вас, но поентата е дека со Интерет ја имаме моќта да кликнеме на линкот, да ја провериме самите информацијата и да прочитаме нешто повеќе околу тоа информирајќи се за вистинитоста.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
wqww
wqww
15 years ago

a zosto togas prava gluposti lelllele

Deniel San
15 years ago

глув телефон -> расипан телефон