0 коментари 1 мин. читање 17 јануари, 2011

Филмот за Facebook ги освои Златните глобуси, фаворит е за Оскарите

Oд шесте номинации за глобус, покрај најдобар филм, режија и сценарио, Social Network доби и награда за најдобра оригинална музика, која ја зеде фронтменот на Nine inch Nails, Трент Резнор, но не успеа да освои глобус во категориите за најдобар главна улога и споредна улога.

Филмот ја раскажува приказната за Марк Закерберг и почетните денови на Facebook, како мрежата е креирана преку алчност, опсесија и секс. Точноста на фактите во филмот беше негирана од самиот сценарист Соркинг, кој го напиша сценариото според книгата „Случајни милијардери“ на Бен Мезрик, велејќи дека „целта е да се раскажа приказна“, додека протагонистот во филмот, самиот Закерберг истакна дека „единственото нешто што го погодија беа маиците кои ги носев тогаш“.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top