HTC ќе претстави два Facebook мобилни телефони?

0 коментари 1 мин. читање

Г. Роуз негираше дека телефоните ќе бидат Facebook-брендирани, но тоа не мора да значи дека HTC нема да претстави Facebook телефон, нели?

</надополнување>

HTC ќе претстави два нови и први Facebook брендирани мобилни телефони следниот месец, за време на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, пишува City A.M.

Телефоните ќе работат на модифицирана верзија на Google-овиот Android оперативен систем кој е со отворен код.

Сигурно, и очекувано за брендиран телефон, ќе има опции за директно вртење на телефонски броеви на Facebook пријатели и други слични интересни-за-Facebook поеднаставувања како чет и икористење на новиот систем за пораки, каде Facebook корисникот ќе си има свој @facebook.com имејл.

Претпоставките за Facebook мобилен телефон се појавија уште во септември кога TechCrunch објави дека мрежата „тајно работи на телефон“, но тоа бргу беше отфрлено од Facebook и Закерберг. Сега Facebook телефон повторно заживува со извештајот на City A.M. кои беа први при објавувањето на вториот Google Nеxus телефонот, што им дава кредибилитет дека информациите се точни.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top