„Eден од највообичаените напади врз Facebook корисниците e „киднапирање со клик“, или „UI redressing”. Овие напади користат малициозни страни каде правата функција на копчето е скрена зад злобен слој кој прикажува нешто комплетно друго. Споделувањето или „лајкањето“ на содржината праќа напади до другите контакти преко стримот за вести и статусите, продолжувајќи ја измамата.“, објаснува Sophos.
Според анкетата на фирмата, колку корисници добиле спам, или обиди за Phishing и малициозни напади преку друштвените мрежи, еве што одговориле корисниците:
Како прва заштита од нападите е користење на комплексна лозинка со бројки и букви, потоа „ако нешто звучи премногу добро да е вистинито, тогаш избегнете го“, сугерира Sophos, не верувајте на се што ќе прочитате, посебно на имејл спамовите, никој нема да ви даде милион долари по мејл, не кликајте на се пред прво да видите дали нешто е сомнително или не на сајтот, не им верувајте на странците на интернет, не споделувајте лични информации преку мејл, и проверувајте ги адресите/URL-ата на сајтовите, ако е www.facebook.com тогаш е во ред, ако e www.nestosomnitelno.facebook.com тогаш e лажна копија, и на крај бидете претпазливи со споделување на личните информации и користете ги Facebook контролите за приватност.
„Разбирајќи ги опасностите, методите и алатките кои може да ги користиме за да се заштитиме во иднина е и најдобриот и наједноставниот начин да се минимизира опасноста.“, вели Sophos.