.мк phishing измама
Македонските Facebook корисници се мета на таргетирана локална phishing измама. Корисниците преку хакнати профили на нивните пријатели се водат до страна - http://www.jesjes--slike.tk/ која наликува апсолутно на Facebook со порака „логирај се има твои слики тука“. Целиот текст е напишан на македонски, а ако се обидете да четувате со хакнатиот пријател ќе добиете одговор на македонски бидејќи разговарате со локален black hat хакер зад профилот.