Друштвената мрежа сега се ближи до неверојатни 700 милиони корисници, вели InsideFacebook. Моментално има 661.5 милини месечни корисници ширум светот, а секој месец се регистрираат по 21.5 милиони нови корисници, според бројките во март. Ова значи дека за месец-два Facebook со 700 милиони корисници ќе биде поголем од сите земји во светот, освен Кина и Индија, и ќе биде помал само од трите најпопуларни религии, Windows и Google.
Имено според листата направена од Business Insider, Facebook е помалку популарен од само неколку работи во светот. Помалку е популарен од религиите, пример, во светот има над 950 милиони хиндуси, има 1.57 милијарди муслимани и има 1.16 милијарди католички христијани. Facebook e и помалку популарен од Windows кој се наоѓа на повеќето од 2-те милијарди PC-ја кои ги има во светот, и помал од Google кој има 1 милијарда посети секој месец.
Гледајќи во локални рамки, и според опцијата za точнo најавени години за таргерирање преку Facebook Ads, во моментов мрежата ја користат 848.000 корисници од Македонија. Oд нив 225.220 корисници се меѓу 13 и 18 години, додека 19.240 се постари од 50+ години. Од вкупниот број, 57 отсто се мажи, додека 43 отсто се жени.
Следејќи го растот на мрежата, тешко е да не се запрашате дали до крајот на 2011-та мрежата ќе ја помине бројката од милијарда Facebook корисници во светот, односно 1 милион корисници во .мк?
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.