1
Еден на еден со публиката
Oд неодамна во емисијата „Еден на Еден“, Жарко Димитриоски започна да ги поканува своите гледачи да ги искористат друштвените мрежи да постават прашање до гостите во емисијата. Интерактивноста која ја нудат Twitter и Facebook е како измислена за ваков вид емисии, вели Жарко, бидејќи гледачите се инволвираат не само во директната комуникација туку и во креирање на емисијата. Мреживе се фантастична работа, вели тој. Вистински свет во мало!