Закерберг го интервјуираше претседателот Обама

3 коментари 1 мин. читање

„Јас сум Барак Обама и јас сум човекот кој го натера Марк да носи сако и вратоврска.“, отвори г. Обама коментирајќи за изгледот на Закарберг, кои и покрај оделото сепак носеше и спортски патики.

Дискусијата е политичка, за долгот на САД и како ќе се справат со него. Зборувајќи за данокот г. Обама рече дека сите ќе мора да плаќаат повеќе данок. Закерберг рече „јас сум кул со тоа“, на што г. Обама му возврати поправајќи го со „знам дека си ОК со тоа“. Американскиот претседател повика и на користење нови технологии и чиста енергија, наместо нафта.

Целта на интерјуто е секако да се допре до помладата публика и да им се сподели подирекно агендата на претседателот, објаснувајќи им ја политиката. Г. Обама од самиот старт на својата кампања ги користи друштвените мрежи за да ја сподели својата идеја, може дури и да се нарече првиот 2.0 претседател кој го прифати Интернетот како политичка алатка. Токму заради тоа е и се допадна на Силиконската долина, па поголемите ИТ компании застанаа покрај него, вклучувајќи го и Facebook.

(Подолу се двата дела од интервјуто. Претседателот Обама ќе се појави во 10-тата минута во видеото подолу кое е првиот дел)

Watch live streaming video from facebookguests at livestream.com

Watch live streaming video from facebookguests at livestream.com

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top