Warner Bros додадоа уште филмови кои може да ги изнајмите преку Facebook

The Dark Knight беше првиот филм кој ја претстави идејата за изнајмување на филмови преку Facebook кои можат да се платат со Facebook Credits кои представуваат вируелна валута со која можете да купувате виртуелни производи.

За да можат корисниците да го гледаат избраниот филм, се што треба да направат е да кликнат на копчето „гледај сега“, да платат со своите Facebook кредити (достапни само во САД во моментот) и добиваат пристап до филм кој може да го гледаат во следните 48 часа на нивниот Facebook профил.

Тешко е да се поверува дека Warner Bros ќе застане тука, а сигурно и други студија ќе ја прифатат идејата да ги изнајмуваат своите филмови преку најпопуларната друштвена мрежа во моментот. Со филмовите и добриот модел за плаќање, Facebook им е директна закана на компаниите за дигитална дистрибуција како Hulu, па и на YouTube кои веќе подолго време се трудат да станат дистрибутер на поквалитетна содржина.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk