0 коментари 2 мин. читање 8 април, 2011

Facebook ја отвори својата сервер технологија

„Многу од работите кои масовните производители ги ставаат во серверите не беа баш тоа што ни требаше, и што им треба на многу друштвени апликации.“, вели основачот на Facebook, Марк Закерберг објаснувајќи дека работеле една година на своите сервери и дата центри. Тој вели дека сега треба да се размислува и хардверот да стане отворен како софтверот со цел да се поттикне развој на сервиси во облакот.

„Се обидуваме да го забрзаме екосистемот каде програмерите можат лесно да стартуваат стартапи и мислиме дека со споделување на истите ќе развиеме поефикасен екосистем.“

Една од можностите кои се споменуваа во презентациите (подолу) е дека програмерите и стартап компании од земјите во развој ќе можат да си креираат свој дата центар кој ќе им одговара на потребите.

„Нашиот прв чекор е да ги објавиме спецификации и техничките скици. Вториот чекор е да работиме со задницата да ги подобриме.“, вели Facebook на официјалната страна.

Подолу е официјалната прес конференција.

Watch live streaming video from facebookannouncements at livestream.com

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top