Според еден извор, основачот на Facebook, Марк Закерберг е вклучен во внатрешни договори за купување на Skype, додека друг извор вели дека Facebook е заинтересиран да двете компании започнат заедничка соработка. Според компаниите, тие велат дека не сакаат да коментираат на „шпекулација“.
Се очекува Skype да биде проценет на меѓу 3 и 4 милијарди долари, додека излегување на берзата би му донело на Skype околу 1 милијарда долари.
Дискусиите се во раните фази, не е јасно која опција му одговора на Skype, вели Reuters додавајќи дека бидејќи Apple и Google „маршираат во територијата на Skype” и ја намалуваат вредноста на сервисот, па се очекува нешто да се случи.
Претходно, Skype и Facebook соработуваа на интеграција на мрежата во петтата верзија на VoIP сервисот за корисниците да можат да го користат Facebook додека се на Skype.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.