Facebook конечно овозможи претворање на личен профил во бизнис фан страница

5 коментари 1 мин. читање

Бидете претпазливи, ако вашиот профил го конвертирате во бизнис страница ќе изгубите голем дел од податоците кои ги имате на профилот. Единствено што ќе се префрли на новата страница е главната слика на вашиот профил и пријателите, што ќе го намали процентот на луѓе кои ќе ја сфатат оваа алатка на шега и ќе ги конвертираат своите профили без некоја посебна причина. Можеби најпаметно е првин да си ги извлечете сите информации во .zip формат.

Facebook велат дека „одржувањето на профил за се друго освен за индивидуална личност е нарушување на нивните правила“, и дека бизнис страниците нудат „многу по подобри можности за организации, бизниси, брендови и јавни личности“.

Со овој потег Facebook веројатно сакаат да воведат некој ред и униформираност, но во исто време и да им помогнат на бизнисите да добијат посоодветна интеракција со клиентите, откако на почетокот, најверојатно од незнање, стартувале личен профил место фан страна.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top