Претставен Mac OS X Lion
Аpple на својата WWDC 2011 конференција откри дека има 54 милиони Mac корисници ширум светот кои сега ќе можат да го купат новиот Mac OS X Lion преку веб за 29 долари.
Аpple на својата WWDC 2011 конференција откри дека има 54 милиони Mac корисници ширум светот кои сега ќе можат да го купат новиот Mac OS X Lion преку веб за 29 долари.
Apple најави дека на 6-ти јуни ќе ги претстави новиот музички сервис iCloud и новиот Мac оперативен систем Lion, а ќе биде претставен и iOS 5 за мобилните уреди. Претставувањата ќе бидат дел од Worldwide Developers конференцијата во Сан Франциско. Најавено е дека Стив Џобс ќе ги претстави новините.
Адвокатите на Samsung поднесоа барање да ја видат најновата, следна генерација на iPhone, „безврска дали телефонот се вика iPhone 4S, iPhone 5 или некое друго име, заедно со финалната верзија на пакувањето со кое продуктот ќе биде испорачан“.
За само три години од постоењето Apple App Store забележа пола милион одобрени апликации! Ова не е официјална бројка од Apple и не се однесува на сите достапни апликации, туку е статистика за сите одоборени апликација од 148Apps, блог кој ги следи случувањата со iOS.
i.Playboy.com e нов сајт дизајниран за iPad кој, преку претплата од 8 долари месечно, ќе овозможи пристап до сите објавени-во-последниве-57-години броеви на магазинот заедно си сите нецензурирани фотографии од девојки од сите изданија.
Apple стана највредниот бренд во светот со 82 отсто раст во вредноста која сега е над 153 милијарди долари, надминувајќи го Google кој четири години беше на првата позиција.
По контроверзното откритие дека iOS уредите складираат огромни количества информации за корисничката локација, соберени преку мобилните репетитори и Wi-Fi мрежите, Apple објави закрпа за сите iOS уреди.
Blackberry уредите на Research in Motion (RIM) ќе користат Bing како избран интернет пребарувач во прелистувачот и Bing ќе биде зададен (default) пребарувач и апликација за мапи за новите уреди. Bing ќе биде и избран пребарувач и апликација за мапи со нормалното место и промоција на BlackBerry App World.
Според извор на GigaOM, Apple најверојатно го купил iCloud.com доменот за својот долгоочекуван музички сервис во облакот.
Apple уредите се кул, но не сакам да ме следат, му вели келнерот на Кајл. Карактерот од сатиричната South Park вели „тоа е само шпекулација“ по што влегуваат луѓе од Apple кои сакаат да го одведат да му ја изведат целата крв што им треба за да го направат детето прототипи на HumancentiPad на Apple. Ова се случува бидејќи Кајл се согласил со Условите на користење на Apple без да ги прочита.
Apple конечно се огласи објаснувајќи ја потребата од собирање корисничка локација преку iPhone. Ова складирање на локацијата скоро до една година беше откриено неодамна од двајца истражувачи дека се случува во фајл кој не е зашититен и енкриптиран на iPhone. Собирањето локација не се случува преку GPS, туку преку мобилните репетитори. Подоцна се откри и дека Android го прави истото и дека двете компании, Google и Apple, ги информираат корисниците за вакво складирање на локации, иако не споменуваат како се прави тоа.
IT.com.mk за iPhone и iPod Touch! Сите корисници на Apple-овите уреди ќе можат да си ја симнат бесплатната IT.com.mk апликација која ги содржи скоро сите сегменти на порталот. (линк до iTunes)
Минатата недела беше откриено дека iPhone ја собира локацијата на корисникот. Подоцна ваква пракса на складирање на локацијата беше најдена и во Android, кој скоро на ист начин како и iPhone ги собира локациите, открива шведскиот програмер Магнус Ериксон. Android собира информации за локацијата од најблиските 200 Wi-Fi мрежи на кои што наидува и прави листа од 50 места. Кога таа листа ќе се исполни локацијите се бришат, првин најстарите, што е различно за iPhone кој чува локација од скоро година дена. Исто така поразлично од iPhone е што на Android е малку потешко да се дојде до фајлот со локациите, додека кај првиот тој фајл не е заштитен ниту енкриптиран.
Се чини дека Apple ја знае локацијата на сите iPhone корисници па дури и кога ќе сменат уред, синхронизирајќи таен фајл преку iTunes. Двајца истражувачи, Пит Варден и Алесдар Алан велат дека е можно да се собирани податоци за локацијата скоро година дена почнувајќи од iOS 4 надградбата на оперативниот систем која беше објавена во јуни 2010-та.
Следната петта генерација iPhone паметни телефони ќе се појави во септември, според три извори од Азија поврзани со доставата на деловите. Производството на новиот iPhone, кои ќе имаат побрз процесор, започнува во јули и август, се вели во извештајот на Reuters.
Откако Apple поднесе тужба против јужно корејската фирма велејќи дека им го копира дизајнот и изгледот на паметните телефони и таблет компјутери, Samsung најави контра-тужба велејќи дека „ќе се обиди да си ја заштити својата интелектуална сопственост“.
Секој оперативен систем, Windows, Mac, Linux, си има свој „трик“ за брзо поправување. Но, доколку тоа не работи тогаш и не ви остануваат многу можности за бирање, всушност немањето избор често е пропратено со правање нешто лошо кое на крај ќе ве натера да „тивко липате“, како што вели саркастичниот Оatmeal.
Што ќе ново кај iPhone 5? Нов дизајн, поголем екран, ќе го нема home копчето, подобра камера, плаќање преку мобилен, физичка тастатура, бели модели со 64 GB простор, A5 процесор... има еден куп шпекулации и гласини кои сите се вклопени во еден одличен инфографик на NoWhereElse.fr.
По Аpple и Google, сега и Microsoft се вклучи во плановите да се овозможат мобилните плаќања, пишува Bloomberg.
Vimeo, популарниот сервис за споделување видеа, отсега има и своја официјалнаiPhone апликација. Апликацијата е достапна и бесплатна и може да се симне на iPhone 3G или пак на iPhone 4 со iOS 4.0 или понова верзија.