0 коментари 2 мин. читање 10 мај, 2011

Apple го надмина Google, стана највреден светски бренд

Растот на Apple се должи на iPhone 4 но најмногу на iPad таблетот, вели агенцијата за глобално истражување на пазарот, Millward Brown, која ги оценува брендовите според „финансиски податоци за направен профити и вредност комбиниран со корисничка перцепција на брендот“.

„Аpple продолжува тивко да го развива облакот и гласно да го открива празното место во компјутерската категорија која ја исполни со нов уред – iPad. Во последната четвртина од 2010-та Аpple продаде повеќе iPad-и оддошто Mac компјутери.“, се вели во BrandZ 2011 извештајот.

„iPad-от, кој брго наиде на конкуренција од други производители на таблет компјутери како Samsung, му помогна на Apple да го пројде Dell и HP во севкупната продажба на преносливи компјутери. Apple облакот може уште да ја заврсти вредноста на брендот како тројство од платформа, содржина и уреди.“

Интересно, Facebook е најгoлемиот качувач на листата, заедно со Siemens и Baidu. Целата BrandZ листа на топ 100 глобални брендови ќе ја најдете тука.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top