„Apple им овозможи на сие – љубоморен партнер или приватен детектив – да со пристап до вашиот телефон или компјутер да добијат детални информации за каде сте биле.“, вели истражувачот Варден зa Guardian.
iPhone-oт се логира во незаштитен и неенкриптиран consolidated.db фајл кој се наоѓа на сите машини кои се синхронизирани со iOS уредот. Toj фајл ги содржи координатите за географската широчина и должина заедно со времето.
Истражувачите го откриле фајлот додека се обидувале да направат визуелизација користејќи мобилните информации. Додека ги прегледувале фајловите Алесдар Ален го открил овој фајл за кој првин не бил сигурен за што се работи, за потоа да го визуелизираат и да видат дека „има застрашувачки број на податоци за нашето движење“.
„Може да има десетици илјади дата точки во тој фајл, и се прикажува дека собирањето започнува со iOS 4, па може да има година дена вредна информација. Претпоставуваме дека локацијата е одредена според трангулација на мобилни предаватели. Времето на снимање е променливо, фрекфенцијата на надополнувањата може да биде стартувана од самата активност на телефонот“, велат истражувачите во блог пост на O’reilly.com.
Тие направија и апликација за корисниците на iOS да проверат кои информации им се складирани прелистувајќи ги фајловите. На истиот сајт се наоѓа и информација како да се стигне до фајлот без потреба од инсталирање на нивната апликација.
Washington DC to New York from Alasdair Allan on Vimeo.
На истражувачите не им е познато зошто Apple ja снима содржината, конкретната локација е позната на мобилните оператори кои секогаш ги имаат тие податоци, иако, велат тие, потребно е судски налог да се пристапи до нив. Проблемот е што тие сензитивни информации за локациите се незаштитени на iOS уредите, иако истражувачите посочуваат дека постоењето на овие податоци не значи и дека истите се извлекуваат од Apple, но можат да се пристапи до нив доколку некој го украде телефонот.
Од другата страна на аргументот, Apple се уште нема искоментирано за consolidated.db фајлот, но во нивните Услови за користење вели дека „За да се обезбедат услуги според локацијата за производите на Apple, Apple и наштите партнери и сопственици на лиценци може да собираат, користат и делат точни податоци за локацијата, вклучувајќи ја географска локација во реално време на вашиот Apple компјутер или уред. Овие податоци за локацијата се собираат анонимно така што не се открива идентитетот лично и се користи од страна на Apple и нашите партнери и сопственици на лиценци со цел да обезбедат и ги подобрат производите и услугите на основа на локацијата. На пример, ние може да ја споделиме географската локација со доставувачи на апликација кога ќе се пријавите за нивните услуги според локација.“







