Playboy го заoбиколи Apple за да ги донесе сите свои голи девојки на iPad

Тоа што е интересно е самото креирање на вакoв сајт наменет за iPad. Имено, Apple не дозволува апликации за голотија (и порнографија), делoт по што е познат Playboy. Но, i.Playboy.com го заоѓа Apple во целиот процес, односно, не е апликација, туку е специјално дизајнирана да одговара на iPad-от со нецензурирани фотографии oд голи девојки, како што вети Хју Хефнер. Секако, Playboy има апликација во iTunes, но без пристап до слики од голи жени преку неа.

Ова сигурно ќе послужи како пример за сите слични „забранети-oд-Аpple” сајтови, магазини и новини, односно ќе стартуваат таблет верзии на своите изданија. Секако имањето апликација е подобро бидејќи е тука, присутна на iPad, без потреба да се отвара прелистувач, персонализирана, уникатна… но кога некој не ти дозволува нешто тогаш и посебно дизајниран сајт е одлично решение. Дополнително, со ова се избегнува и 30% провизија за Apple бидејќи не се користи неговата продавница.

Потребата на Playboy да стартува нов сајт наменет само за iPad покажува дека се повеќе магазини и весници ги гледаат таблет уредите како следниот чекор за медиумското присуство на мобилниот Веб. Екраните на паметните телефони се мали, но таблет компјутерите се перфектни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk