„Овие нови искуства покажуваат како се менува мобилниот пејсаж. Уредите станаа сензори кои во реално време нудат пристап до информација која им помага на луѓето да брзо завршат комплексни работи. Ќе видиме соработка во пребарување, трговија, друштвени и локациски сервиси каде Bing ќе обезбеди информации и организациски слој во облакот што ги поврзува корисниците со акцијата, правејќи ги луѓето поактивни.“, се вели во соопштението.
Microsoft во февруари отвори соработка со Nokia да ја користи нивната Windows Phone платформа, што е обид да се направи платформата конкурентна на Android и iOS, пред се според мобилните апликации, и да се обиде да му земе дел од интернет пребарувањето на Google промовирајќи го Bing. Интернет пребарувањето станува големо и преку мобилните, па истакнувајќи го својот Bing преку Windows Phone и сега преку Blackberry уредите на RIM ќе може да му донесе поголем број корисници на Microsoft.
Oд друга страна RIM се повеќе заостанува зад Apple и Google, иако PlayBook таблет компјутер ќе може да користи Android апликации, па можеби очекува Microsoft, кој има ресурси, да донесе нови опции на Blackberry уредите, пример, поквалитетни мапи, пребарување и подобри апликации.