Samsung сака да го види iPhone 5 и iPad 3 за да се подготви за тужби

во Свет

Samsung вели дека неговите Droid Charge и Galaxy Tab 10.1 ќе се појават во исто време со iPhone 5 и iPad 3, па адвокатите сакале да проеверат дали има сличности меѓу уредите во случај да се слични дизајни па да се подготват за потенцијални тужби од Apple.

Неодамна судот, по тужбата од Apple, му нареди на Samsung да ги открие прототипите на Droid Charge, Infuse 4G, Galaxy S II и Galaxy Tab 8.9 И 10.1 за да може Apple да провери дали тие продукти ќе бидат дел од тужбата.

Разликата е што Samsung веќе ги претстави своите продукти, додека Apple ги чува своите уреди во строга тајност, по што е и позната компанијата кога се работи за некој нов продукт. Уште поинтересно, Samsung вели дека не знае со сигурност дали Apple спрема нов продукт, туку чуле од „извештаи на интернет“. Samsung вели дека мора да се спреми за сличности меѓу идни продукти, иако Apple вели дека тужбата се однесува на тие кои што до сега се претставени.

За жал, се вели исто така дека само адвокатите на Samsung ќе ги видат уредите, не и Samsung ниту било кој друг. Може само да се надеваме дека адвокатите ќе успеат да споделат брза фотографија од новите уреди. :)

(via ThisismyNext.com)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk